петок, 25 октомври 2024

Руски доброволци што се борат за Украина нападнаа село во Русија

Руски доброволци што се борат за Украина денеска рекоа дека нападнале руско село во близина на украинската граница, во копнена операција што следувала по нападите со беспилотни летала врз неколку региони на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ја минавме границата“, објави на Телеграм единицата наречена Легија на слободата на Русија.

Според информациите, припадниците на таа единица уништиле оклопно возило во село во областа Курск.

Гувернерот на тој руски регион потврди дека е во тек напад.

Тој рекол дека едно лице е полесно повредено, но негирал дека имало „пробив“ на напаѓачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ