петок, 18 октомври 2024

Руски борбени авиони речиси се судриле со американски дронови над Сирија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Овие настани претставуваат ново ниво на непрофесионално и небезбедно постапување на руските воздушни сили кои дејствуваат во Сирија“, се наведува во соопштението на американските воздухопловни сили. Снимката се состои од неколку исечоци кои прикажуваат како руски борбен ловец Су-35 му се приближува на дронот, а подоцна испукува низа сигнални ракети кои лебдат на траекторијата на беспилотното летало.

Американскиот генерал Алекс Гринкевич тврди дека еден од руските пилоти го поставил својот авион пред дронот и го вклучил накнадното согорување, што ја намалило способноста на операторот безбедно за управува со дронот. Накнадното согорување создава млаз кој потенцијално може да ја оштети електрониката на „риперот“.

Гринкевич кажал дека руските авиони „почнале да ги вознемируваат беспилотните летала“ во момент кога трите дрона дејствувале над Сирија вчера околу 10:30 часот по локално време. Дроновите наводно учествувале во мисија против Исламска држава, но не е прецизирано со каква задача.

„Руските воени авиони се однесуваа небезбедно и непрофесионално додека беа во интеракција со американските дронови во Сирија. Ги повикуваме руските сили во Сирија да престанат со ова безобѕирно однесување и да се придржуваат до стандардите на однесување кои се очекуваат од професионални воздухопловни сили за да можеме повторно да се фокусираме на трајниот пораз на ИСИС“, порача Гринкевич.

Тој смета дека Русите со своите постапки ја загрозиле безбедноста и на американските и на руските сили. Генералот Ерик Курила, шефот на Централната команда на САД, истакна дека руското кршење на тековните напори да се исчисти воздушниот простор над Сирија „го зголемува ризикот од ескалација или погрешна проценка“.

Околу 900 припадници на американските сили се распоредени во Сирија, без дозвола од официјалните власти во Дамаск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ