сабота, 19 октомври 2024

Руски борбен авион пролетал блиску до американски кај Алјаска (ВИДЕО)

Воени функционери на Соединетите Американски Држави објавија нова снимка на интеракција на руски и американски авион во близина на Алјаска, од 23 септември.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

На снимката се гледа руски борбен авион сухој Су-35 кој му приоѓа на американски Ф-16 и минува на само неколку метри од него.

Во изминатите недели руски авиони во повеќе наврати влегувале во идентификациската зона на противвоздушната одбрана на Алјаска, веднаш до суверениот воздушен простор на САД.

На пример, осум руски воени авиони и четири брода, вклучувајќи две подморници, се приближиле неодамна до Алјаска додека Русија и Кина изведуваа заедничка воена вежба, но без да влезат во американскиот простор.

Настанот предизвика критики на американски воени функционери, како и на американскиот републикански сенатор од Алјаска Ден Саливен.

„Постапката на еден руски Су-35 не била безбедна, била непрофесионална и ги загрозила сите, тоа не е нешто што го прават професионалните воени сили“, кажа генералот Грегори Гилјо, командантот на Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) и Северната команда на САД.

Сенаторот Саливен изјави дека овој потег е уште еден аргумент за јакнење на американското воено присуство на Алјаска и Арктикот.

Асошиејтед прес побарале коментар од руската амбасада во САД, но не добиле одговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ