Јутјуберот кој го следат 1,45 милиони корисници објави видео во кое се обидува да спореди различни типови руски ракетни фрлачи РПГ со легендарниот шведски АТ-4.
Смирнов се обидел да пука од АТ-4, но оружјето го удира во лице. Се чини дека не разбира во што е проблемот, па заклучува дека НАТО оружјето е „с*ање“.
На Твитер, заедно со клип од неговото видео, е објавено видео од американски војник како правилно го користи фрлачот – држејќи ја предната рачка. Имено, на предната страна на фрлачот има рачка која е дизајнирана да помогне во одржувањето на стабилноста при пукање, а која војникот треба да ја држи со левата рака.
Russians. pic.twitter.com/zBPR0jeMVd
— Illia Ponomarenko ?? (@IAPonomarenko) April 9, 2023
Поради едноставноста во користењето на АТ-4, шведскиот Сааб постигна значителен успех во продажбата на ова оружје, поради што АТ-4 стана едно од најчестите лесни противтенковски оружја во светот.