понеделник, 30 декември 2024

Руската амбасада: Учеството на членовите на Претседателството на БиХ на самитот на Кримската платформа е непријателски чин

Објавено на

часот

Сподели

„Крим и градот Севастопол повторно се обединети со Русија во целосна согласност со меѓународното право, пред сè со правото на народите на самоопределување, предвидено со Повелбата на ОН и меѓународните договори за граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права“, соопшти руската амбасада.

Одлуката на народот на Крим, како што истакнуваат, е конечна и неотповиклива, а статусот на Република Крим и градот Севастопол како субјекти на Руската Федерација се гарантирани со рускиот устав и не подлежи на ревизија.

„Затоа присуството на вакви собири го доживуваме како отворено непријателски чин. Секој облик на придружување на спомнатата иницијатива го сметаме за напад на територијалниот интегритет на Руската Федерација. Го задржуваме правото да одговориме на непријателските акции“, се истакнува во соопштението.

„По театарското учество на „комеморативните настани“ во Буча, каде киевските власти, со поддршка од Англосаксонците, бесрамно приредија исценирани масакри на цивили кои наводно ги извршила руската војска“, амбасадата на Рисија им препорачува на „застапниците на правдата“ да ја посетат Алејата на ангелите во Донбас – споменикот на стотиците деца убиени од страна на украинските сили.

„Ја земаме предвид изјавата на членката на Претседателството на БиХ од редовите на српскиот народ Жељка Цвијановиќ дека патувањето на нејзините колеги во Украина е исклучиво приватно и дека не е одобрено од страна на Претседателството на БиХ. Во тој контекст, изјавата на еден од членовите на Претседателството дека „БиХ со тоа ѝ изразува поддршка на Украина“ не е само манифестација на мегаломанија, туку и грубо кршење на уставот на БиХ, а со самото тоа и на Дејтонскиот мировен договор“, се истакнува во соопштението на амбасадата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ