недела, 22 декември 2024

Русите силно напаѓаат, Киев ја отфрла можноста за примирје со моменталната линија на фронтот

Руските сили ја интензивираат својата офанзива на истокот на Украина, извести украинскиот генералштаб, објавувајќи дека вчера биле изведени 144 напади. Само на делот кај Лиман, железнички јазол во Доњецката област, се забележани триесет напади. Покровск и Курахово исто така биле мети на напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бројките кои ги објавува војската не може независно да се проверат, но овозможуваат донесување заклучоци за интензитетот на борбите, наведува германската агенција ДПА. Украинскиот блог Дип стејт, неофицијално поврзан со војската, извести синоќа дека руската војска зазела четири помали населби на источниот фронт.

Во меѓувреме бројот на загинати во јужниот украински град Одеса порасна на осум по рускиот напад на градското пристаниште, објавија градските власти. Истовремено, руската противвоздушна одбрана пресретнала 92 украински дрона, извести вчера руското министерство за одбрана.

Украинската влада го негираше извештајот на италијанските медиуми дека Киев е спремен да се согласи на примирје долж моменталната линија на фронтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ