недела, 22 декември 2024

Русите: Почнавме контраофанзива во Курск

Руските сили започнаа значајна контраофанзива против украинските војници кои минатиот месец се пробија во западна Русија и зазедоа делови од територијата, објавија промосковските воени блогери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На 6 август, Украина го започна најголемиот странски напад врз Русија од Втората светска војна, пробивајќи ја границата во рускиот регион Курск со илјадници војници поддржани од големи количини беспилотни летала и тешко оружје, вклучително и оружје од западно производство.

Јуриј Подољак, проруски воен блогер роден во Украина и уште двајца влијателни блогери, Рибар и Два мајори, изјавија дека руските сили започнале значајна контраофанзива во Курск.

„Во областа Курск, руската војска започна контраофанзивни дејства на западното крило на позицијата на непријателот, намалувајќи ја украинската контролна зона во близина на државната граница“, се вели во блогот на Два мајори.

Подољак вели дека руските сили зазеле неколку села во западниот дел на Русија кои претходно ги оддели Украина, туркајќи ги украинските сили источно од реката Малаја Локња јужно од селото Снагоста.

Ројтерс не можеше да ги потврди извештаите од бојното поле поради ограничувањата на известувањата од двете страни во војната.

Во соопштенијата на руското Министерство за одбрана има малку информации за борбите. Од Украина засега нема коментар за ситуацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ