„Во округот Суџа во Курската област, единици на Донскиот козачки воздушно-јуришен полк, во состав на Новоросиската планинска дивизија, извршија напад со дронови во кој уништија американски тенк „абрамс“. Дроновите се имуни на непријателските системи за електронско војување“, се наведува во извештајот.
Buzzkill: 🇺🇸-Made Abrams Falls to 🇷🇺 Drone Duo – MoD Footage
The vehicle was spotted in the Kursk region before being taken out with an FPV drone. A second UAV finished the job. pic.twitter.com/grDlhpg0hs
— RT_India (@RT_India_news) December 18, 2024
Во извештајот се додава дека за време на редовна операција бил забележан тенк „абрамс“ на пат. „Операторот на беспилотното летало, командант на вод со кодно име Чехов, го нанишанил и погодил непријателскиот тенк, а со вториот погодок од друг дрон целосно е уништен тенкот на НАТО“, порача руското министерство.
Соединетите Американски Држави најавија дека на Украина ќе ѝ испратат 31 тенк „абрамс“ во јануари 2023. Украинците претходно тврдеа дека американските тенкови, кои чинат по околу 10 милиони долари од примерок, се клучни за пробивање на руските линии.