„Ужасни, апокалиптични сцени од урнатините на Бахмут по 10 застрашувачки месеци руски напади, во кои беа користени некои од најбруталните оружја и тактики“, објави со снимката Кристофер Милер, дописникот на Фајненшл тајмс од Украина.
Awful, apocalyptic scenes of the ruins in Bakhmut after 10 grueling months of Russian attacks using some of the most brutal weapons and tactics. Video comes from Russian state propaganda outlet RIA.pic.twitter.com/gH5eLM6PIZ
— Christopher Miller (@ChristopherJM) May 26, 2023
Градот беше целосно уништен во најдолгата и најкрвава битка во војната во Украина. Се проценува дека во битката за Бахмут животот го загубиле десетици илјади руски и украински војници. Пред војната во Бахмут живееја околу 70.000 луѓе.