вторник, 22 октомври 2024

Русите на разговор поканија балтички дипломати и остро ги обвинија: „Ги саботирате изборите“

Русија ги покани на разговор вршителите на должноста на амбасадите на три балтички земји, за кои тврди дека ги „саботираат“ претстојните руски претседателски избори во март.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија ги обвинува Естонија, Литванија и Летонија, три поранешни советски републики, дека ги „саботираат“ изборите и одбиваат да обезбедат избирачки места во руските амбасади на својата територија. Во трите земји живее значително руско малцинство, но односите со Москва се влошија по руската инвазија на Украина.

„Вршителите на должноста на балтичките земји во Москва беа повикани во Министерството за надворешни работи поради немањето соодветен одговор на повторените повици од руската страна да се гарантира безбедноста за време на претседателските избори во март“, соопшти руското министерство.

Москва побара од трите земји да ги преземат „сите неопходни мерки“ за безбедноста на амбасадите за време на изборите. „Доколку дојде до саботажа, ќе постапиме решително“, предупреди министерството.

На претседателските избори во март се очекува да победи претседателот Владимир Путин поради недостаток на вистинска опозиција по долгогодишна репресија на неистомислениците и политичките непријатели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ