среда, 23 октомври 2024

Русите ја зазедоа Адвиивка, Путин честиташе

Украинските војници се повлекоа од разурнатиот источен град Адвиивка, изјави вчера новиот началник на украинската армија, отворајќи го патот за најголемиот напредок на Русија од мај 2023 година, кога го освои градот Бахмут.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повлекувањето беше најавено бидејќи Украина се соочува со недостиг од муниција поради тоа што Конгресот не успеа да донесе резолуција за американската воена помош, а целта беше со него да се спасат војниците од целосно опколување од руските сили по неколкумесечни жестоки борби, објави Киев.

Генералот Олександр Сирски, кој минатата недела го презеде раководството на украинската војска, рече дека украинските сили се вратиле на побезбедни позиции надвор од градот, кој пред војната имаше 32.000 жители.

„Одлучив да ги повлечам нашите војници од градот и да почнам одбрана од поповолни линии за да избегнеме опколување и да се зачуваат животите и здравјето на војниците“, рече тој во соопштението на вооружените сили.

Заземањето на Адвиивка е клучно за целта на Русија да обезбеди целосна контрола врз двете провинции што го сочинуваат индустрискиот регион Донбас, а исто така може да му донесе победа на претседателот Владимир Путин на изборите следниот месец.

„Преземаме мерки за стабилизирање на ситуацијата и одржување на нашите позиции“, рече Сирски.

Русија ја засили офанзивата на Адвиивка во октомври, а украинските позиции со недели беа сè пооптоварени.

Третата јуришна бригада, елитната украинска пешадиска јуришна единица, итно беше уфрлена во градот за да помогне во зајакнувањето на трупите оваа недела додека другите украински сили се повлекоа од југоисточниот дел на градот.

Единицата ги опиша борбите како „пеколни“ и објави на социјалните мрежи дека украинските бранители на некои места биле повеќебројни од руските сили со сооднос од околу шест спрема 100.

Русија не даде детали за своите загуби во бруталните борби за градот, но украинските власти и западните воени аналитичари велат дека нејзиното напредување има неверојатна цена во однос на персоналот и оклопните возила.

Градот, во кој останаа помалку од 1.000 жители, се наоѓа северно од Доњецк. Авдиивка има голема фабрика за кокс, која престана да работи за време на војната.

Путин ѝ честиташе на војската

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ честиташе на својата армија за „важната победа“ во заземањето на источниот украински град Авдиивка.

„Владимир Путин го слушаше извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за заземањето на Авдиивка во Кремљ. Претседателот им честиташе на нашата армија и на нашите борци за оваа важна победа“, изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.

Шојгу претходно денеска потврди дека руската армија презела „целосна контрола“ врз градот Авдиивка во источна Украина, откако Киев најави повлекување на своите војници од индустрискиот град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ