четврток, 24 октомври 2024

Русите првпат уништија американски тенк „Абрамс“ во Украина (ВИДЕО)

Руската војска за првпат уништи еден од американските тенкови М-1 „Абрамс“ на украинската војска. Синоќа на интернет беше објавена снимка направена од руски дрон, на која се гледа како лови еден од американските тенкови западно од градот Авдеевка на истокот на Украина. Украинската 47-ма механизирана бригада има 31 ваков тенк (сега 30). На друга снимка се гледа истиот тенк во пламен, по напад од дрон.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Две години по почетокот на војната во Украина експлозивните дронови се најголемата закана за оклопните возила. Можат да го нападнат најранливиот дел од тенкот – покривот, каде што оклопот е најтенок.

Тенковите „Абрамс“ од САД стигнаа во Украина минатата есен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ