„Според последните информации, едното беспилотно летало е уништено, а другото самото експлодира. Сега сѐ е тивко, но сите наши сили и служби се во состојба на готовност“, најави Развожаев, тврдејќи дека во нападот нема штета.
Севастопол, исто како и остатокот од украинскиот полуостров Крим, беше анектиран од Русија во 2014 година.
Украина сѐ уште не го коментираше последниот напад со беспилотни летала на Крим, што е во согласност со политиката на Киев да не презема одговорност за напади на руска територија, како и на украинските територии контролирани од руските сили.