четврток, 6 февруари 2025

Русија тврди дека Украина тргнала во нова офанзива во Курск

Украинските оружени сили почнале нова офанзива во рускиот Курски регион, тврдат руски медиуми. Според руски воени блогери, украинските сили наводно напаѓаат југоисточно од Суџа, обидувајќи се да напредуваат кон населбите Фанасеевка и Уланок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руското министерство за одбрана тврди дека Украина за новата офанзива распоредила до два механизирани баталјони. Како резултат на борбите оштетен е гасовод во округот Рилски, кажа гувернерот на Курската област Александар Хинштејн. Киев не ги коментира извештаите за офанзивата.

Извештаите за операцијата следат по изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој кажа дека присуството на Украина во Курската област би можела да игра „важна улога“ во идните преговори за завршување на војната.

Од август 2024 украинските сили држат позиции во руската Курска област по прекуграничниот упад со кој првично заземаа околу 1.300 квадратни километри руска територија. Киев од тогаш изгуби повеќе од половина од таа територија.

Во текот на шесте месеци борби во рускиот регион, руските загуби достигнале речиси 40.000 војници, вклучувајќи околу 15.000 загинати, тврди генералштабот на оружените сили на Украина. Киев се обидува да го искористи својот упад во Курската област како лост во потенцијалните мировни преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ