петок, 25 октомври 2024

Русија треба да го врати романското злато испратено таму за време на Првата светска војна, смета Европскиот парламент

Европскиот парламент донесе необврзувачка резолуција со која се повикува Русија на Романија да ѝ го врати златото и другите скапоцености кои од таа земја биле пратени во Москва на чување за време на Првата светска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на Првата светска војна Кралството Романија испратила со вагони 91,1 метрички тони златни парички и прачки како и скапоцени камења и други културни скапоцености како разни уметнички дела во царска Русија. Во војната Романија се борела на страната на Антантата, а против Централните сили.

Златото го заплениле болшевиците откако ја презеле власта во Русија во 1917 година. Некои вредни предмети советските власти вратиле во 1935 и 1956 година, но не и златото.

Во подоцнежните години Романците се обидувале да го вратат златото, но безуспешно.

Заедничката комисија за подобрување на билатералните односи била формирана во 2003 година меѓу Русија и Романија, лија задача, меѓу другото, била и да го реши прашањето на невратеното злато.

Резолуцијата поднел романскиот пратеник Еуген Томак, со поддршка од Националната банка на Романија.

Тој на Фејсбук го поздрави „историското гласање“ и го прогласи за „прашање на националното достоинство“.

Иако речиси и не постојат шанси на Романија да ѝ биде вратено златото, Томак напомена дека е „важно да не се откажат“.

Од официјална Москва сè уште нема коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ