недела, 22 декември 2024

Русија соопшти дека државите од „нуклеарната петорка“ наскоро ќе се сретнат во Њујорк

Групата од петте држави кои имаат нуклеарно оружје ќе одржат состанок во Њујорк во блиска иднина, соопшти заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, а пренесува руската државна новинска агенција РИА.

Објавено на

часот

Сподели

Групата е составена од Русија, Соединетите Американски Држави, Кина и Британија, кои сите се нуклеарно вооружени држави и постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Рјабков не најави конкретен датум ниту кажа од кое ниво ќе бидат функционерите што ќе присуствуваат, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ