На пример, станот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и хотелот на неговата сопруга Елена Зеленска наречен „Вила Елена“ биле продадени во Јалта. Властите ги национализирале и хотелот „Илјада и една ноќ“ и трговскиот центар „Бакалеја“. Хотелот „Европа“ во Алушта бил продаден на аукција.
Министерката за имотни и земјишни односи на окупираниот Крим, Лариса Кулинич, изјави дека, покрај продажбата на недвижен имот, властите издале под закуп и национализиран имот. Ова вклучува трговски центри, канцелариски простори, кина, магацини за храна и други објекти. Вкупно, околу илјада нови адреси се додадени во регистарот на Регионалната управа за имот.
Поради оваа одлука, пишуваат руските медиуми, во буџетот на Крим се примени 938 милиони рубљи (9,2 милиони евра), што е за 2,5 пати повеќе отколку во 2023 година. Во есента 2022 година, шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, нареди национализација на средствата на организациите и поединците поврзани со украинската влада. Подоцна беше објавено дека повеќе од 130 објекти се префрлени во сопственост на Руската Федерација.