вторник, 17 декември 2024

Русија: Сиријците мора сами да одлучуваат за иднината на својата земја

Руското министерство за надворешни работи порача дека Сиријците сами треба да одлучат за својата иднина и повика новата влада да ги земе предвид разните етнички и религиски интереси на таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на министерството се наведува дека Москва внимателно ја следи ситуацијата повеќе од една недела по падот на претседателот Башар ал Асад, кого Москва долго го поддржува, и додека ситуацијата се смирува под џихадистичкиот командант Мохамед ал Голани. „Веруваме дека патот до одржлива нормализација на ситуацијата во Сирија лежи во создавањето вклучив дијалог меѓу Сиријците, кој се темели на постигнување на национален договор и напредување во сложениот процес на барање политичко решение“, се наведува во соопштението.

„За Русија е важно иднината на Сирија да ја одредат самите Сиријци. Веруваме дека децениското пријателство и меѓусебното почитување меѓу народите на нашите земји ќе продолжи конструктивно да се развива“, се додава.

Се истакнува дека муслиманите со векови во Сирија живеел рамо до рамо со христијаните, вклучувајќи ја грчката Антиохиска патријаршија во Дамаск која е поврзана со Руската православна црква.

Кремљ соопшти дека сè уште не се донесени конечни одлуки за иднината на руските воени бази во Сирија и дека се во контакт со надлежните во таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ