сабота, 27 јули 2024

Русија се закани со напад на Велика Британија

Русија за прв пат официјално ѝ се закани на Велика Британија со напади на нејзина територија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку Украина ги користи ракетите што ѝ ги достави Велика Британија за да ја нападне Русија, тоа може да резултира со руски напади врз воени цели во Велика Британија и надвор од Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Амбасадорот Најџел Кејси беше повикан во министерството откако британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави за Ројтерс дека Украина има право да користи ракети со долг дострел испратени од Велика Британија за да нападне длабоко во Русија.

„Кејси беше предупреден дека одговорот на украинските напади со употреба на британско оружје на руска територија може да биде кој било британски воен капацитет и опрема на територијата на Украина и пошироко“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи по состанокот.

САД и нивните сојузници претходно ги квалификуваа своите испораки на оружје со долг дострел за Киев, велејќи дека тоа може да се користи само на територии што Украина ги смета за свои- Крим, Народните републики Доњецк и Луганск и регионите Херсон и Запорожје.

Според руското Министерство за надворешни работи, спротивните изјави на Камерон „де факто ја признаваат неговата земја како страна во конфликтот“.

Русија ги разбира коментарите на Камерон како „доказ за сериозна ескалација и потврда за зголеменото учество на Лондон во воените операции на страната на Киев“, додаваат од министерството.

Кејси беше повикан „да ги разгледа неизбежните катастрофални последици од ваквите непријателски чекори од Лондон и веднаш на најодлучен и недвосмислен начин да ги побие воинствените провокативни изјави на шефот на британската дипломатија“.

Во Министерството за надворешни работи беше поканет и францускиот амбасадор Пјер Леви. Москва сѐ уште не ги соопшти деталите за средбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ