сабота, 27 јули 2024

Шефот на британската дипломатија: Украина има право да го користи нашето оружје во Русија

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти годишна воена помош за Украина „колку што е потребно“ и додаде дека Лондон нема ништо против оружјето да се користи во Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе даваме 3 милијарди фунти секоја година онолку колку и да е потребно. Навистина исцрпивме сè што можеме во однос на давање опрема“, изјави тој за Ројтерс во интервјуто за време на посетата на Киев, додавајќи дека пакетот помош од Велика Британија е најголемиот до сега.

„Дел од таа опрема пристигнува во Украина денеска, додека јас сум тука“, рече тој.

Камерон рече дека Украина има право да користи оружје доставено од Лондон за да нападне цели во Русија и дека зависи од Киев дали ќе го направат тоа.

„Украина го има тоа право. Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, сосема е разбирливо зошто Украина чувствува потреба да биде сигурна дека е способна да се одбрани“, изјави Камерон за Ројтерс.

Камерон, кој го водеше Обединетото Кралство од 2010 до 2016 година како премиер и се врати на политичкиот фронт само пред неколку месеци, се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеб и претседателот Володимир Зеленски во неговата втора посета на Киев како министер за надворешни работи.

Шефот на британската дипломатија го поздрави објавувањето на долго одложуваниот пакет помош од 60 милијарди долари од страна на американскиот Конгрес.

„Тоа е апсолутно критично, не само во однос на оружјето што ќе го донесе, туку и на зајакнувањето на моралот што ќе го донесе на луѓето овде во Украина.

Сепак, Камерон не одговори директно на прашањето како мисли дека евентуалниот реизбор на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во Белата куќа може да влијае на американската поддршка за Украина“.

Трамп и тврдокорните републиканци во Конгресот се против понатамошна помош за Украина, со можен исклучок на заем.

„Не зависи од нас да одлучиме кого американскиот народ ќе избере за свој претседател – ние ќе работиме со кој било“, рече Камерон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ