Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека е донесена одлука за повлекување на нивните акредитации бидејќи наводно собирале разузнавачки информации и биле вклучени во субверзивни активности.
ФСБ наведува дека добиле документи што укажуваат дека дипломатите биле испратени во Русија од оддел на британското Министерство за надворешни работи „чија главна задача е да ѝ нанесе стратегиски пораз“ на Русија.
Руската државна телевизија пренесе изјава на функционер на руската ФСБ што потврдил дека тие ќе бидат протерани.
Веста доаѓа само два дена откако САД и Велика Британија ветија речиси 1,5 милијарди долари дополнителна помош за Украина, а украинските власти апелираат да им биде дозволено да го користат западното оружје за гаѓање цели подлабоко во Русија.
Британската амбасада во Москва не одговорила веднаш на барањето за коментар испратено од Асошиејтед прес.