недела, 22 декември 2024

Русија предупреди дека авионите Ф-16 ќе доведат до ескалација на војната

Објавено на

часот

Сподели

Данска и Холандија во неделата најавија дека ќе ѝ дадат на Украина Ф-16. Првите шест авиони ќе бидат испорачани околу Нова година.

„Фактот што Данска сега одлучи да ѝ донира 19 авиони Ф-16 на Украина води кон ескалација на конфликтот“, изјави рускиот амбасадор Владимир Барбин, пренесе агенцијата Рицау.

„Криејќи се зад премисата дека Украина самата мора да ги одреди условите за мир, Данска сака со своите постапки и зборови да постигне дека Украина нема друг избор освен да го продолжи воениот конфликт со Русија“, рече тој.

Данскиот министер за одбрана Јакоб Елеман-Јенсен изјави дека Украина ќе може да ги користи донираните авиони Ф-16 само на своја територија.

„Ние донираме оружје под услов да се користи за протерување на непријателот од територијата на Украина. И не повеќе од тоа“, рече Елеман-Јенсен во понеделникот.

„Тоа се условите, без разлика дали се работи за тенкови, борбени авиони или нешто друго“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ