среда, 12 март 2025

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Руското министерство за надворешни работи објави дека не исклучува контакти со американските претставници во следните денови, што е првата официјална реакција на Москва по вчерашните преговори на Соединетите Американски Држави и Украина во Саудиска Арабија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На преговорите во Ријад беше договорено Украина да се согласи на 30-дневно примирје, а сега се чека дали Москва тоа ќе го прифати.

Пораката на руското министерство доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно кажа дека очекува разговор со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела, истакнувајќи притоа дека се надева на прекин на огнот во следните денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ