понеделник, 30 декември 2024

Русија му воведе санкции на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд

Објавено на

часот

Сподели

Руското министерство за надворешни работи во соопштение објасни дека новите санкции ги воведува поради воената поддршка која Лондон му ја пружа на Киев и поради тоа што веќе една и пол година „спроведува агресивна, непријателска антируска политика“.

На листата на санкционирани се додадени 54 британски државјани, објави руската дипломатија.

Главниот обвинител на ИЦЦ Карим Кан е на црната листа на Москва откако кон средината на март издаде налог за апсење на Путин обвинувајќи го рускиот претседател за воено злосторство поради „незаконска депортација на илјадници украинските деца“ за време на конфликтот во Украина. Москва ги отфрла обвинувањата и не го признава ИЦЦ.

Руското министерство за внатрешни работи веќе го стави Кан на листата на барани лица во Русија.

„Нови имиња на листата се британската државна секретарка за култура, спорт и медиуми Луси Фрејзер која активно заговара спортска изолација на Русија. Санкционирана е и заменичката на британскиот министер за одбрана Анабел Голди, одговорна за испораките на оружје на Украина“, се наведува во соопштението.

Меѓу санкционираните се и новинари кои работат за Би-би-си, Гардијан и Дејли телеграф, кои Москва ги обвинува дека се вплеткани во ширење лажни информации за Русија и поддршка на пропагандните активности на Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ