Изборите на „новите територии“ се важни за Кремљ, но се логистички и безбедносен предизвик бидејќи руските сили не ги контролираат целосно тие територии. Украина не ја признава руската анексија на тие делови.
Во разговор со руски војници кои се бореле во Украина, претседателот на Русија Владимир Путин минатата недела потврди дека ќе се кандидира на изборите во март, на кои нема да има сериозна конкуренција.