понеделник, 30 декември 2024

Русија ја почна најголемата поморска вежба во последните 30 години, Путин ѝ испраќа порака на Америка (ВИДЕО)

Руските оружени сили за првпат по три децении изведуваат толку голема командно-штабна вежба како Океан 2024, изјави рускиот претседател Владимир Путин, учествувајќи преку видео-врска на почетокот на активната фаза на маневрите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Почнува активната фаза во која ќе се разработуваат најсложени мисии, што е можно послични до борбените мисии“, кажа Путин, а пренесуваат руските агенции.

Тој истакна дека ова е првпат во последните три децении Русија да изведува волку голема вежба на море.

Според рускиот претседател, вежбата ќе се одржува истовремено во водите на „Тихи и Арктички Океан, Средоземно Море и Касписко и Балтичко Море“ и во неа ќе учествува, покрај бродовите, и авијацијата.

Путин истакна дека Вашингтон и неговите сојузници отворено најавуваат планови за распоредување ракети со среден и краток дострел, вклучувајќи и на острови во западниот дел на Тихи Океан, како и во некои земји од Азиско-пацифичкиот регион.

„Со таквите акции САД сакаат да ја нарушат постоечката архитектура на безбедноста и рамнотежата на силите во регионот, фактички предизвикувајќи трка во вооружувањето и не водејќи сметка за безбедноста на своите сојузници“, истакна Путин.

Вежбата на руската морнарица Океан 2024 почна денес, а во неа ќе учествуваат повеќе од 400 воени бродови, подморници и помошни пловила, соопшти руското министерство за одбрана.

Во вежбата ќе учествуваат и повеќе од 120 авиони и хеликоптери на воената морнарица и воздушно-вселенските сили, а ќе бидат вклучени и околу седум илјади парчиња вооружување, воена и специјална опрема, како и повеќе од 90 илјади луѓе.

Во маневрите учествуваат и бродови и авијацијата на Народноослободителната војска на Кина, а претставници на 15 држави се повикани како набљудувачи. Вежбата Океан 2024 ќе трае до 16 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ