петок, 31 јануари 2025

Русија ја обвини Украина за убиство на 22 цивили во регионот Курск

Руските власти денеска ја обвинија Украина за убиство на 22 цивили во руското село заземено од украинските сили, што е последното вакво обвинение против Киев.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украина ја презеде контролата врз десетици погранични градови во регионот Курск, западна Русија, откако започна ненадејна офанзива таму во август минатата година.

Украинските власти тврдат дека околу 2.000 цивили сè уште живеат во областите што ги зазеле.

Руската армија почна да ја одбива офанзивата и повторно зазеде неколку локалитети.

Рускиот истражен комитет, кој на 19 јануари најави отворање на истрага за убиството на „најмалку седум цивили“ во селото Руски Поречна, на околу 20 километри од украинската граница, денеска објави дека сега го истражува убиството на „22 жители“ на ова село извршено, според Москва, меѓу септември и ноември минатата година.

Меѓу жртвите, чии тела се пронајдени во подрумите на неколку куќи, има и осум жени кои наводно биле силувани пред да бидат убиени, соопшти Истражниот комитет.

Инспекторите за убиствата ги обвинуваат петте украински војници, велејќи дека еден од нив, идентификуван како Евгениј Фабрисенко, бил заробен за време на борбите во регионот Курск.

„Мораме да разговараме за тоа, да го покажеме, и покрај молкот на меѓународната заедница и нејзината лоша волја пред овие злосторства“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека акциите на украинските војници ја илустрираат нивната „воена и политичка немоќ во времето на поразот на фронтот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ