понеделник, 21 октомври 2024

Русија известува за нови воени успеси во Донбас

Русија извести за нови воени успеси во источна Украина, тврдејќи дека упадот на Украина на руска територија не успеал да ја одврати Москва од водењето офанзива во регионот на Донбас, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државната новинска агенција РИА Новости го цитира Сергеј Шојгу, секретарот на Советот за безбедност, кој кажа дека украинскиот упад во руската област Курск, кој почна на 6 август, имал за цел подобрување на преговарачката позиција на Киев и пренасочување на руските сили од Донбас.

„Но имаме доволно сили, ја продолжуваме нашата офанзива“, кажа Шојгу.

Руските новински агенции го цитираат министерството за одбрана дека руските сили зазеле уште четири села на истокот на Украина.

Шојгу кажа дека руските сили го засилуваат темпото на својата офанзива, заземајќи речиси 1.000 квадратни километри за осум дена во август и септември. Според него, Украина губела по 2.000 војници дневно.

Руските трупи во последните недели напредуваат низ регионот на Доњецк во правец на Покровск, стратегиски логистички јазол за украинската војска.

Москва денес соопшти дека нејзините сили го зазеле селото Мемрик, околу 24 километри југоисточно од Покровск. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека силите на Киев се држат во Доњецк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ