Во соопштението се наведува дека екипажите на руските ловци Су-35С и Су-27П ги идентификувале воздушните мети како два стратегиски бомбардери Б-1Б на американското воено воздухопловство.
„Руските средства за контрола на воздушниот простор над Балтичко Море на 25 мај 2023 година открија две воздушни цели кои се приближуваа кон државната граница на Русија. За да спречат нарушување на државната граница на Русија, ловците Су-35С и Су-27П од дежурните сили на противвоздушната одбрана на Западниот воен округ полетаа“, се наведува.
Американските авиони не ја преминале границата и се вратиле на својот матичен аеродром, соопшти руското министерство.