сабота, 5 октомври 2024

Русија ги тргна талибанците од листата на терористи

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката за тргање на талибанците од листата на терористички организации е „донесена на највисоко ниво“, пренесува новинската агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката треба да се проследи со законски процедури за да стане валидна, кажа Замир Кабулов, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан.

Путин во јули изјави дека Русија авганистанското талибанско движење го смета за сојузник во борбата против тероризмот. Русија полека гради врски со талибанците откако ја преземаа власта во Авганистан во август 2021, по паничното повлекување на Американците и нивните сојузници по 2-годипната војна, но движењето останува официјално забрането во Русија.

Ниедна држава формално не ги признава талибанците како легитимна власт во земјата, иако Кина и Обединетите Арапски Емирати прифатија нивни амбасадори. Русија ги стави талибанците на својата листа на терористички организации во 2003 година. Нивното отстранување е важен чекор на Москва кон нормализација на односите со Авганистан.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кажа дека Москва е уверена во потребата од одржување „прагматичен дијалог“ со сегашната авганистанска власт. „Очигледно е дека е невозможно да се решат проблемите, дури ни да се разговара за авганистанско решение без Кабул“, кажа Лавров.

Москва ќе продолжи со развојот на политичките, трговските и економските врски со Кабул“, додаде тој во Москва по состанокот со авганистанскиот колега Амир Хан Мутаки и претставници на соседните земји.

Русија има проблематична историја со Авганистан, каде советската армија изврши инвазија во 1979 година за да ја поддржи проруската влада, но се повлече 10 години подоцна со тешки загуби, кои ѝ ги нанесоа муџахедините поддржани од Вашингтон и Лондон.

Русија и нејзините поранешни советски соседи беа изложени на постојани напади од исламистички милитантни групи поврзани со Авганистан, и тоа последен пат во март годинава, кога 145 лица беа убиени во напад на концертна сала во Москва, за кој одговорноста ја презема Исламска држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ