Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со својот бразилски колега Луис Инасио Лула да Силва рекол дека Русија е отворена за дијалог во однос на Украина.
Лула на Твитер напиша дека тој повторил дека Бразил е подготвен да разговара со двете страни во војната во Украина.
„Тукушто разговарав по телефон со претседателот на Русија Владимир Путин, му се заблагодарив за поканата да присуствувам на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург и му одговорив дека во моментов не можам да одам во Русија, но ја повторив подготвеноста на Бразил, заедно со Индија, Индонезија и Кина, да разговара со двете страни во конфликтот во потрага по мир“, напиша Лула на Твитер.
Conversei agora por telefone com o presidente da Rússia, Vladimir Putin. Agradeci a um convite para ir ao Fórum Econômico Internacional de São Petersburgo, e respondi que não posso ir a Rússia nesse momento, mas reiterei a disposição do Brasil, junto com a Índia, Indonésia e…
— Lula (@LulaOficial) May 26, 2023