понеделник, 21 октомври 2024

Русија би можела да блокира западен имот во вредност од речиси 300 милијарди долари

Ако западните земји решат да го запленат замрзнатиот руски имот, Русија би можела да возврати со запленување на најмалку 288 милијарди долари западен имот, вклучувајќи 223 милијарди долари вреден имот на членките на Европската Унија, објави руската државна новинска агенција РИА Новости. Откако руските трупи во февруари 2022 година влегоа во југоисточна Украина, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници воведоа остри санкции против Москва и замрзнаа руски имот во вредност од околу 300 милијарди долари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американски и британски функционери сега предлагаат замрзнатиот имот да се заплени и употреби за обнова на Украина и се надеваат дека лидерите на Г7 на состанокот на крајот на февруари ќе го прифатат тој предлог, објави Ројтерс повикувајќи се на три извори.

Русија го обвини Вашингтон дека се обидува со тактика на присилување да изнуди поддршка од европските земји за тој предлог. Москва порача дека има листа на американски, европски и друг имот и дека може да возврати со иста мерка.

Во извештајот објавен вчера РИА цитира податоци според кои вредноста на директните инвестиции на ЕУ, членките на Г7, Австралија и Швајцарија во руската економија на крајот на 2022 изнесувала вкупно 288 милијарди долари.

Вредноста на вложувањата на земјите на ЕУ изнесувала на крајот на 2022 година 223,3 милијарди евра, а речиси половина од тој износ, односно 111 милијарди долари официјално отпаѓаат на Кипар.

Следат Холандија со 50,1 милијарда и Германија со 17,3 милијарди. РИА меѓу петте најголеми европски инвеститори во руската економија ги наведува и Франција со имот и вложувања во вредност од 16,6 милијарди долари и Италија со 12,9 милијарди долари.

Меѓу земјите од Г7 агенцијата како водечки инвеститори ги наведува Британија со 18,9 милијарди долари имот во Русија, САД со речиси 9,6 милијарди, Јапонија со 4,6 милијарди и Канада со 2,9 милијарди на крајот на 2022 година.

Ројтерс истакнува дека не можеле независно да ги проверат податоците објавени од руската новинска агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ