среда, 23 октомври 2024

Русија бесплатно испрати 200.000 тони жито во африканските земји

Рускиот министер за земјоделство изјави вчера дека Москва испратила 200.000 тони жито во шест африкански земји бесплатно како што вети претседателот Владимир Путин во јуни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија даде по 50.000 тони на Централноафриканската Република и Сомалија, а по 25.000 тони на Мали, Буркина Фасо, Зимбабве и Еритреја, изјави министерот Дмитри Патрушев на средбата со Путин, пренесе Кремљ.

Путин го вети житото на состанокот со африканските лидери во јуни, откако Русија се повлече од договорот што ѝ дозволуваше на Украина да извезува жито од црноморските пристаништа.

Договорот, познат како Црноморска иницијатива за жито, доведе до пад на цените на глобалниот пазар, но Путин тврдеше дека земјите на кои им е најпотребно не добиваат жито.

Патрушев рече дека Русија во сезоната 2023/2024. планира да извезе до 70 милиони тони жито. Минатата година се извезени 66 милиони тони во вредност од речиси 16,5 милијарди долари, додаде тој.

Сезона 2023/2024 започна на 1 јуни 2023 година и трае до 30 јули 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ