четврток, 20 февруари 2025
Од Ријад

Рубио: ЕУ ќе мора да дојде на масата

„Целта на денешниот состанок“ беше да се надоврзе на телефонскиот разговор што американскиот претседател Доналд Трамп го имаше со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела и „да се воспостават тие линии на комуникација“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата со руската делегација во Ријад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рубио е „убеден“ дека Русија е „спремна да се вклучи во сериозен процес“ за ставање крај на војната во Украина.

Тој рече дека САД и Русија ќе ги вратат меѓусебните амбасадори: „Ќе треба да имаме енергични дипломатски мисии, кои ќе можат да функционираат нормално за да можеме да ги продолжиме овие канали“.

За отсуството на Украина на состанокот, тој рече дека „никој не е занемарен“. САД ќе ги вклучат Украина и ЕУ во разговорите и „сите што се вклучени во тој конфликт мора да го прифатат тоа, тоа мора да биде прифатливо за нив“.

Рубио рече дека денешната средба е „првиот чекор од долгото и тешко патување“ за ставање крај на војната во Украина.

Запрашан за санкциите кон Русија, Рубио им рече на новинарите дека санкциите се должат на конфликтот во Украина и додаде дека треба да се направат „отстапки“ од „сите страни“ за да му се стави крај на „секој конфликт“.

„Ние нема однапред да одредуваме кои ќе бидат тие, сигурно за тоа прашање нема да преговараме денес или на прес-конференција“, рече тој.

Американскиот државен секретар рече дека „други страни имаат санкции“, додавајќи дека ЕУ „во одреден момент ќе мора да биде на масата бидејќи и тие имаат воведено санкции“.

„Целта е да му се стави крај на овој конфликт на начин што е фер, траен, одржлив и прифатлив за сите вклучени страни“, рече тој.

„Како изгледа тоа? Тоа е она за што ќе биде ова тековно ангажирање“.

Многу западни земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и оние во Европската Унија воведоа санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ