Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот таа е унитарна држава на хрватскиот народ и има широко набројување на етничките заедници. Ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе ја прифати, изјави Мицкоски.
Земон на својот фејсбук профил цитира дел од преамбулата на македонскиот Устав: …граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои
живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот
народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“.
„Ако внимателно се чита текстот постојат 4 уставни категории во Преамбулата:
1. граѓаните;
2. македонскиот народ;
3. граѓани кои се дел на албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот, ромскиот и бошњачкиот народ и
4. другите.
Од ова произлегува дека македонскиот народ е конституент и конститутивен народ на државата, и не е со ист статус како и заедниците, за кои и се акцентира ‘ГРАЃАНИТЕ кои се дел на албанскиот народ, турскиот итн’.
Во хрватскиот Устав пишува Република Хрватска се установува како национална држава на хрватскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства и се именуваат поединечно 22 заедници…. и продлжува текстот дека им се гарантира рамноправност со граѓаните на хрватската народност и остварување на националните права во склад со демократските норми на ООН и земјите на слободниот свет… Значи се отвораат вратите за наоѓање решение“, напиша Земон.