Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:
- почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,
- користете сигурносен појас,
- возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,
- не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,
- возете со технички исправно возило,
- прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила,
- не зборувајте на мобилен телефон додека возите,
- внимавајте на секој учесник во сообраќајот.
„Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!“, се вели во пораката од РСБСП.