среда, 4 декември 2024

Роверот излезе од индиското вселенско летало, ќе го истражува јужниот пол на Месечината

Објавено на

часот

Сподели

Леталото слета на неистражениот јужен пол на Месечината во средата навечер, неколку дена по уривањето на руското летало Луна-25, со што Индија стана првата земја на која тоа ѝ успеало.

„Роверот Ч-3 се спушти од лендерот и Индија прошета по Месечината“, соопшти Индиската вселенска истражувачка организација (ИСРО).

Станува збор за втор обид на Индија да се спушти на Месечината, а на тоа потроши околу 6,15 милијарди рупии (околу 68 милиони евра). Леталото за спуштање во претходната мисија Чандрајан-2 се урна во 2019.

Чандрајан значи „Месечинско возило“ на јазиците хинди и санскрит.

Јужниот пол на Месечината е интересен поради својот воден мраз, за кој се верува дека може да обезбеди гориво, кислород и вода за пиење за понатамошните мисии, но поради нерамниот терен слетувањето на него е тешко.

Речиси седум милиони луѓе во средата го гледале преносот од слетувањето во живо на платформата Јутјуб.

Се очекува Чандрајан-3 да биде во функција две недели, а ќе спроведува експерименти кои вклучуваат спектрометриски анализи на минералниот систем на лунарната површина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ