На Роналдо денеска му е роденден, полни 40 години, полека се ближи крајот на неговата кариера како фудбалер, па неминовни се прашањата што после тоа.
Португалецот вели дека не би сакал да биде тренер, но би сакал да биде сопственик на некој клуб.
„Да бидам сопственик на некој клуб за мене има повеќе смисла отколку да станам тренер“, рече Роналдо.