Кристијано Роналдо имаше големо интервју за каналот „Ел Чирингито“.
„Јас сум најдобриот фудбалер на сите времиња, верувам во тоа. Брз сум, силен, давам голови со глава, со лева, никој никогаш не бил покомплетен од мене“, вели нескромниот Роналдо.
„Можеби вие го преферирате Пеле, Меси, Марадона, го разбирам тоа и го почитувам“.
„Ако завршам со 920, 925 голови… не ми е важно воопшто. Јас сум најдобриот во историјата. точка“.
„Ако дојдам до бројката од 1.000 голови, одлично, ако не, во ред. Бројките не лажат“.
Роналдо проговори и за ривалството со Меси.
„Имам добар однос со Лео Меси, јас му преведував на англиски на доделувањето на награди. Беше забавно. Тоа беше здраво ривалство“.