Поглавјето на Елмас во Наполи е завршено, од јануари тој почнува ново, ќе игра во Бундеслигата, во дресот на Лајпциг.
Дека трансферот е завршена работа стигна потврда и од Фабрицио Романо.
Италијанскиот новинар потврди дека е постигнат договор меѓу двата клуба и Елмас ги договорил личните услуги со Лајпциг.
Наполи ќе добие обесштетување од 25 милиони евра.
Во текот на овој месец треба да бидат комплетирани и медицинските тестови по кои Елмас и официјално ќе стави потпис на договорот со германскиот клуб.
??⚪️ Eljif Elmas to RB Leipzig, here we go! Agreement has been reached between clubs, personal terms already agreed.
Napoli will receive €25m fee as revealed on Tuesday.
Medical tests to take place before the end of the month. ??
Exclusive story, confirmed. pic.twitter.com/Nxp5WmSicC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 22, 2023