четврток, 26 декември 2024

Романија последна шанса за ватерполистите

Објавено на

часот

Сподели

Ватерполистите, кои имаа високи цели и голема желба, разочараа, но барем до денеска се уште се во игра за остварување на зацртаната цел – пласман во Едмонтон на квалификации за Олимписките игри. За тоа ќе мора без калкулации да ја победат Романија, најмалку двојно посилна од Холандија, против која мораше да победиме пред два дена.

Ако победи против Романците, Македонија ќе игра со Хрватска и победникот од тој дуел дефинитивно обезбедува пласман на СП (најавено е дека до 9 место од Европа, селекциите одат на Мундијалот), а многу веројатно дека сигурно се патува и за Едмонтон. Но, до Хрватска има пеколни 24 минути против Романија, од која згубувме на турнирот во Истанбул пред СП, а и противникот се покажа како тврд орев во другата далеку посилна група на ова ЕП.

Романија, само против Србија загуби убедливо со 14-5, а сите останати мечеви беа во резултатски егал, па со четвртфиналистот Германија загубија 9-10, против Хрватска со 7-10, од Црна Гора 8-11 и од Шпанија со 12-10.

Пораз на Македонија ќе значи дека ќе се бориме да не бидеме последни со Турција, која сигурно ќе загуби од Шпанија. Ако ја победиме Романија, а загубиме од Хрватска, можно е да играме повторно со Холандија (ШПанците се пресилни и за „лалињата“) за 9. место кое води на СП.

Сосема поинаку ќе беше ако избраниците на Игор Гпчанин одиграа многу подобро во клучниот меч, затоа што наместо денеска, ќе играа дури во петок, што значи добро ќе се одмореа и барем со сигурност ќе имаа обезбедено меч за пласман на Мундијалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ