четврток, 6 март 2025

Романија ќе доделува стипендии на македонски студенти

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека Министерството за надворешни работи (МНР) на Романија почна програма за стипендирање странски државјани за академската 2025/2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Стипендиите ќе бидат наменети за странските државјани кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ, за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација“, се наведува во објавата на МОН.

Сите потребни информации за овие стипендии заинтересираните кандидати може да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија: https://www.mae.ro/en/node/10251

Апликациите за овие стипендии се доставуваат во електронска форма, најдоцна до 12 март 2025, на веб-страницата: https://scholarships.studyinromania.gov.ro/

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ