Избраниците на Раниери осум натпревари не знаат за пораз во Серија А, попладнево со 0-1 славеа на гостувањето кај Венеција.
„Волчицата“ не успеа да импресионира, имаше само 37% посед на топка, но на крајот успеа да ги однесе трите бода.
Клучниот момент на натпреварот се случи по десетина минути игра во второто полувреме кога Анхелињо избуди пенал, а Дибала беше сигурен реализатор на најстрогата казна и биеше прецизно од белата точка за 0-1.allowfullscreen>