недела, 27 октомври 2024

Рома со Де Роси реди победи, трета по ред

Три од три за Даниеле Де Роси на почетокот од тренерскиот предизвик во Рома, волчицата денеска одигра одлична партија против Каљари и победи со 4-0.

Објавено на

часот

Сподели

Во прилог на Де Роси оди и распоредот на Рома, но тој максимално го искористи тоа.

Убедливата победа денеска беше најавена уште во втората минута кога Пелегрини постигна гол за водство од 1-0, во 23. минута капитенот на Рома асистираше до Дибала за 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.

По шест минути игра во вториот дел Дибала реализираше од пенал за 3-0, а Хојсен во 59. минута ги постави конечните 4-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ