Ромелу Лукаку донесе важни три бода за Рома во пресметката со Џенова, домаќините и со играч помалку стигнаа до минимална победа од 1-0.
Паредес претера со приговорите, доби жолт, но наместо да се смири, продолжи со пцовки, па веднаш доби црвен и беше исклучен во 72. минута.
Но и покрај тоа што бројчаната предност беше на страна на Џенова, Рома поведе во 79. минута, Лукаку со глава ја затресе мрежата за 1-0.
Голот на напаѓачот на крајот донесе три важни бода со кои Рома ја обезбеди позицијата број 6 на табелата.
Сега останува уште да заврши сезоната за да се види дали ова место ќе им донесе настап во Лигата на шампиони, или пак во Лига Европа.