понеделник, 28 октомври 2024

Рома го понижи Брајтон, Ливерпул убедлив во Прага, Леверкузен уште е без пораз (ВИДЕО)

Рома со 4-0 го победи Брајтон и речиси си ја заврши работата за пласман во четвртфиналето од Лига Европа, а таму сигурно ќе биде Ливерпул кој со 5-1 ја совлада Спарта во Прага, Леверкузен со гол во 92. минута се спаси од пораз кај Карабаг, мечот заврши 2-2.

Објавено на

часот

Сподели

Рома продолжи со импресивните игри под водство на Даниеле Де Роси, овојпат настрада Брајтон кој се очекуваше да пружи сериозен отпор.

Дибала и Лукаку погодија во првото полувреме за 2-0, а во вториот дел голови дадоа и Манчини и Кристанте за конечни 4-0. Во Англија треба чудо да се случи за Брајтон да помине понатаму.

Ливерпул со 5-1 го прегази тимот на Спарта Прага и реваншот во Англија ќе биде само формалност.

Нуњез даде два гола, по еднаш погодија Мекалистер, Диаз и Собослај.

Леверкузен беше многу блиску до првиот пораз оваа сезона, но се спаси во последните минути од мечот.

Карабаг имаше водство од 2-0 по првото полувреме, но Леверкузен во вториот дел најпрво преку Вирц намали на 2-1, а во втората минута од судиското продолжение Патрик Шик погоди за конечни 2-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ