недела, 24 ноември 2024

Рокас: Одложените уставни измени се тешко прифатлив предлог за ЕУ

Во првото интервју за македонски медиум по стапувањето на должност, новиот евроамбасадор во земјава, Михалис Рокас вели дека предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, кои се услов за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ – тешко може да биде прифатен.

Објавено на

часот

Сподели

„Свесни сме за предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, но процесот на проширување е заснован на едногласност, а тоа значи дека има став на ЕУ од сите 27 земји-членки во овој поглед. Сметам дека тешко дека ќе биде прифатен, бидејќи, како што објаснив, има став на ЕУ од 27-те членки за ова прашање“, изјави новиот евроамбасадор Михалис Рокас, во интервју за МИА.

Евроамбасадорот Рокас вели дека одлуката за уставни измени е суверена одлука на Владата, но и понатаму се повикува на едногласноста во одлучувањето и ставот на 27-те членки на ЕУ за условот за отворање на поглавјата што ѝ е поставен на Македонија.

„Дозволете ми да кажам дека, како што знаете, проширувањето е процес заснован на едногласност, ние сме сите свесни за овој предлог на Владата. Мое скромно мислење е дека тешко дека ќе биде прифатен, како што објаснив претходно има став на ЕУ од 27-те членки во овој поглед. Значи, се разбира, од суштинско значење е да се осигураме дека сме свесни за овој контекст. Одлуката за уставни измени е суверена одлука на Владата, и е многу важна. Ние имаме огромна почит за тоа како Владата сака да продолжи понатаму и решенијата кои сака да ги постигне, но процесот е сосема јасен, и тој може да биде веднаш и може да се одвива многу брзо и она што можам да го повторам е целосната посветеност за пристапување кон ЕУ, што ја вклучува и Северна Македонија“ потенцира Рокас.

Во однос на предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, да посредува во разговорите меѓу Скопје и Софија, евроамбасадорот Рокас вели дека не сака да коментира изјави и ставови на земји-членки.

Евроамбасадорот Рокас, во интервјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре,  говори и за реформите во правосудството, препораките на Оценската мисија, за Планот за раст на Западен Балкан, БРИКС и односите ЕУ-Кина…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ