Во однос на тоа пак, доколку за два месеци не се одмрзне финансирањето на проекти од УСАИД, дали ЕУ би ги засилила проектите во земјава кои во моментов престанаа да се финансираат од САД, амбасадорот на ЕУ истакна дека сето тоа го разгледуваат внимателно и мора да почекаат да помине периодот од 90 денa, за да се види што ќе се случи со фондовите кои ги обезбедува УСАИД.
„Ние како ЕУ треба да соработуваме со целиот свет и се разбира да бидеме фер, да бидеме праведни кон сите други земји или партнери кои инвестираат во вашата земја и се разбира дека треба да почекаме за сите прокети кои УСАИД досега ги има имплементирано. Откако ќе има поголема јаснотија со тие проекти, се разбира, таму каде што ќе биде потребно, таму каде што ќе биде можно – ЕУ може да се приклучи во реализирање на такви проекти. Како што е веќе познато, има редовни повици за проекти, всушност за тендери, вклучително за граѓанските организации и за сајбер-бездноста. И ако постои некоја дополнителна потреба за тендирирање или проекти, тоа ќе биде земено предвид, но да биде во согласност со буџетските рестрикции коишто ги има од страна на ЕУ. Како што ви е познато, сите проекти или програми на ЕУ коишто се предивидени за финансирање, завршуваат до 2027 година“, одговори евроамбасадор Рокас.
На прашање каков е ставот и стратегијата на ЕУ по засилувањето на наративот на екстремната десница, особено во земјите аспиранти за членство во ЕУ, шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја истакна дека ЕУ се соочува со новите геостратешки случувања.
Рокас посочи дека новото водство на ЕУ ја има предвид загриженоста на граѓаните и лидерството на Европската Унија и затоа работи деноноќно, со цел за да биде во можност да одговори на сите предизвици, а најдобриот начин да се одговори на таа загриженост е со изнаоѓање на вистинските решенија, како и во контекст на појава на екстремната десница, без разлика дали е во рамки на ЕУ или во рамки на Македонија.