петок, 18 октомври 2024

Ројтерс: Вагнеровците за време на бунтот стигнаа до руска нуклеарна база

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов, без да обезбеди докази, рече дека борците на Вагнер стигнале до нуклеарната постројка на 24 јуни и имале намера да набават мали нуклеарни уреди од советска ера за да го „подигнат влогот“ во својот бунт, според Ројтерс.

„Кремљ нема такви информации“, рече портпаролот Дмитриј Песков на прашањето за тврдењето на Буданов дека платениците на Вагнер стигнале до нуклеарната база Воронеж-45 за да се обидат да дојдат до нуклеарни уреди.

„Тоа изгледа како уште една дезинформација“, рече Песков. Сепак, Ројтерс објави дека извор близок до Кремљ со воени врски потврдил делови од сведочењето на Буданов.

Контингентот на Вагнер „успеа да влезе во зона од посебен интерес, што ги вознемири Американците бидејќи таму е складирано нуклеарно оружје“, рече изворот во врска со ова, без да даде дополнителни детали.

Запрашан дали силите на Вагнер стигнале до базата и се обиделе да набават нуклеарно оружје, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Адам Хоџ рече: „Не можеме да го потврдиме овој извештај. Во ниту еден момент немавме индикации дека нуклеарното оружје или материјалите биле во опасност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ