среда, 25 декември 2024

Ројтерс: Трамп навистина би можел да ги повлече САД од НАТО

Потенцијалниот втор мандат на Доналд Трамп во Белата куќа би можел да значи крај на американското финансирање на Украина, повлекување на Соединетите Американски Држави од НАЅО и сеопфатно прекинување на економските врски со Кина, пренесува Ројтерс повикувајќи се на разговори со 20-тина поранешни и актуелни функционери и дипломати, од кои повеќето не се именувани.

Објавено на

часот

Сподели

Според поголем број инсајдерски извештаи, многу одлуки на Трамп за време на неговиот мандат на крајот биле опструирани од неизбрани владини службеници, а понекогаш и од функционери кои тој ги поставил. Поради тоа, тој сега настојува да го заобиколи тој проблем поставувајќи „лојалисти“ кои се поподложни на неговата „изолационистичка политика и хирови“, тврди Ројтерс.

Доколку биде повторно избран, актуелниот фаворит за републикански кандидат „веројатно би поставил лојалисти на клучните позиции во Пентагон, Стејт департментот и ЦИА кои примарно би му биле лојални нему“, кажале анонимни соговорници за Ројтерс.

Како што сметаат осум европски дипломати, постојат „акутни стравувања“ дека втор мандат на Трамп ќе значи крај на помошта за Украина, како и сомнеж дека нема да ја почитува обврската на САД „да ги бранат сојузниците во НАТО“.

„Постојат гласини дека тој сака да ги повлече САД од НАТО или да се повлече од Европа. Нормално, многу е загрижувачко, но не сме во паника“, кажал дипломат на една балтичка земја.

„Благата“ верзија на второто претседателство на Трамп би била „повторување на неговиот прв мандат со некои агресивни елементи“. Доколку Трамп, меѓутоа, навистина ги исполни ветувањата дека ќе го демонтира апаратот на длабоката држава, тоа би била „нуклеарна опција“, вели дипломатот.

Слична прогноза објави и поранешниот министер за одбрана на Трамп Марк Еспер, кој кажа дека поранешниот американски претседател ќе ја прекине поддршката на Вашингтон на Киев, што ќе придвижи верижна реакција која ќе доведе до распад на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ